Почетна » Новости » Занимливости » Како да го одберете вистинскиот стан за вас?!

Како да го одберете вистинскиот стан за вас?!

Една од најважните, но ни малку лесни животни одлуки е купувањето стан. Цените на пазарот, локацијата, дилемата за стара или нова градба, се само мал дел од елементите што треба да се земат предвид при правењето на „големиот чекор„ – поседување сопствен дом.

Факт е дека становите во старите градби се ценовно попристапни, но не ја исклучувајте опцијата од дополнително вложување во реновирање. Кога ќе се согледа цената на станот и потребните финансии за доопремување, тогаш се доаѓа до приближно иста вредност како купувањето стан во нова зграда.

Од друга страна пак, кај старите станови, квалитетот на градбата е загарантиран и тестиран, додека при купувањето на стан во новоградба, купувачот плаќа за нешто „невидено“. Важно е да се напомене и фактот дека при купување стан во нова градба, трошоциите за греење и ладење се драстично пониски, затоа што топлинската изолација е значително подобра, поради користењето на нови материјали и строгите прописи за изолација. Од тука, причини за и против има и за двата вида на стан, останува купувачот да го направи својот избор, во согласност со неговите потреби и можности.

стан стан

Следен фактор при изборот на стан е локациската поставеност на зградата и истиот се смета за клучен темел при потрагата на дом од соништата. Во овој дел од процесот, треба да се придржувате до неколку важни правила. Не се ограничувајте само на моменталните и сопствени потреби, вклучете го целото семејство во процесот на одлуката, затоа што таа ќе влијае и на нив, посетете ја локацијата што ја имате на ум. Не заборавајте дека во добрата локација спаѓаат неколку клучни моменти како што се близина и достапност на повеќе содржини, добро инфраструктурно уредување на населбата, како и сигурност, приватност, и комфор во животниот простор. Ве уверуваме дека доколку ги вклучите сите овие критериуми при носењето на финалната одлука, успешно ќе изберете најдобра можна местоположба на новиот стан и на тој начин, вашето задоволство од квалитетот на животот ќе биде на највисоко можно ниво.

стан

Како еден од пресудните сегменти при купувањето на сопствен дом е буџетот со кој располагате. Доколку вашата готовина не е ниту приближно доволна за купување на стан, тогаш ви преостанува аплицирање за кредит. Кога станува збор за кредитите, сведоци сме дека тие речиси секогаш претставуваат важен фактор при решавањето на станбеното прашање, но сепак пред да посегнете по овој вид на финансирање, важно е добро да се информирате.

Пред влегувањето во процесот на купување стан на кредит, важни информации за донесување на одлуката се: камата и период на отплата, условите што треба да се исполнат за да добиете одобрување на кредитот, како и дополнителните т.н. скриени трошоци. Покрај бројните понуди за кредитирање, како најповолно решение од банкарскиот сектор во Македонија, се издвојува станбениот кредит на Силк Роуд Банка. Со најниска и фиксна каматна стапка од ЕУР 2.9% / МКД 3,9% за првите три години и променлива стапка од 5.85% во останатиот период, како и трошоци сведени на 0, при аплицирање од страна на кредитобарателите, ова решение е вашиот сигурен партнер кон исполнувањето на една од најважните животни цели. На располагање стојат кредити до 150 000 евра со рок на исплата до 30 години, но за време на целата фаза банката ќе креира современи и идеални солуции за олеснување на процесот на исплата.

стан

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11431 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.