Почетна » Новости » Занимливости » Инспиративната Малала со силни зборови ја прими наградата „Жена на годината“

Инспиративната Малала со силни зборови ја прими наградата „Жена на годината“

На доделувањето на наградите „Жени на годината“, организирано од американското списание „Glamour“, присуствуваа пејачката и активистка Барбра Страјсенд, поранешниот државен секретар на САД и веројатен кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, повеќе модели и истакнати филантропи. Но, никој не доби толку внимание и пофалби како Малала Јусафзаи.

16-годишната девојка, која преживеа откако беше застрелана во главата од Талибанците затоа што се залагаше за образование на девојките во Пакистан, беше една од тринаесетте влијателни жени кои добија признание за својата работа.

Малала Јусафзаи

Малала цврсто верува дека образованието има моќ да го промени светот и бестрашно се бори за остварување на својот сон „образование на секое дете“.

„Верувам дека оружјето нема моќ, затоа што оружјето може само да убие. Но, пенкалото може да даде живот“.

Малала

Храбрата девојка е убедена дека и најмалите промени се значајни.

„Еден ученик, еден учител, една книга и едно пенкало може да го спасат светот. Девојките во Пакистан не копнеат за Xbox или какви било други луксузни нешта. Тие само сакаат книга и пенкало“.

Малала

Коментирајќи за ограничувањата со кои се соочуваат младите жени во Пакистан, Јусафзаи изјави: „Нема слобода, но сè уште има надеж. Ние не сме играчки. Ние не сме лепенки кои ги ставате на списанија. Ние не сме марионети. Ние сме човечки суштества со способности и потенцијал.“

Малала Јусафзаи

На свечената манифестација таа ги поздрави и стотиците девојки кои се борат исто како неа. „Тие зборуваат, тие се борат за своите права. Па, ја примам оваа награда во името на тие девојки и сите оние кои се залагаат за образование“ – рекла таа.

Во објаснувањето зошто Малала е „Жена на годината“, од списанието „Glamour“ го цитираат Бан Ки-мун.

„Целејќи кон неа, екстремистите покажаа што ги плаши најмногу: девојка со книга. Таа навистина е пример за целиот свет“.

Бан Ки-мун

Кога била запрашана што би сакала да им порача на припадничките на понежниот пол, таа рекла: „Можете да им раскажете приказна од мојата фантазија! Кога Бог ги создал мажот и жената, размислувал на кого да му ја даде моќта за раѓање на наредното човечко суштество. И Бог ја избрал жената. Тоа е големиот доказ дека жените се моќни. Жените се силни. Жените можат да направат што било. Излезете и борете се за своите права, ништо нема да се случи без вашиот глас. Ова е ваш свет и вие можете да го промените.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.