Почетна » Новости » Занимливости » Инвестиција на млекарницата Бимилк вредна 2 милиона евра

Инвестиција на млекарницата Бимилк вредна 2 милиона евра

Модерната машина за ПЕТ-пакувања ќе доведе до зголемување на производствените капацитети на Млекарницата до 50 насто

Најголемата млекарница во Македонија продолжува да вложува во врвна технологија и во зголемување на производствените капацитети. Најновата инвестиција во износ од 2 милиона евра се однесува на набавка на современа опрема за полнење ПЕТ-шишиња. Опремата е веќе доставена во Млекарницата и со неа се произведуваат Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+ во ПЕТ-амбалажа.

Новата „ultra clean“ машина, од најнова генерација, овозможува уште поголема сигурност и исклучителен квалитет на производите. Станува збор за флексибилна машина која може да полни различни формати на производи, во ранг од 250 г до 1 500 г. Оваа најмодерна машина има капацитет на полнење од 6 000 до 7 000 шишиња, што ќе доведе до зголемување на производните капацитети на Млекарницата за 50 насто.

Јогурт - амбалажа

„Новата машина, која ќе го зголеми капацитетот на производството во Млекарницата, ќе овозможи, пред сè, задоволување на потребите на сè поголемиот број потрошувачи. Наша долгорочна цел е да ја одржиме лидерската позиција на пазарот, а ова можеме да го постигнеме, пред сè, ако се обѕираме на потребите на потрошувачите и со континуирано вложување во квалитетот на производите и со унапредување на производството. Благодарение на новата инвестиција, потрошувачите ќе можат да уживаат во своите омилени производи: Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+ во попрактичното ПЕТ-шише“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер на Бимилк.

Бимилк е лидер во производството на млеко и млечни производи во Република Македонија. Оваа година компанијата одбележува 65 години од работата. Како резултат на континуираното вложување, на подобрувањето на процесот на производство и на постојаното збогатување на своето портфолио на производи, Бимилк денес е најголемата млекарница присутна на нашиот пазар и ужива доверба на повеќе од милион потрошувачи.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја страницата www.bimilk.mk или фејсбук-страницата на Бимилк.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26291 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.