Почетна » Новости » Занимливости » Инвеститори купија стар хотел, го реновираа и направија 139 мали апартмани за бездомни лица

Инвеститори купија стар хотел, го реновираа и направија 139 мали апартмани за бездомни лица

Добродушни инвеститори направија добро дело кое заслужува аплауз.

За да им помогнат на бездомните лица во Денвер, од непрофитната организација „The Colorado Coalition for the Homeless“ купија стар хотел во кој потоа создадоа 139 микро апартмани за оние кои немаат покрив над главата.

Целта на инвеститорите е да се намали бројот на бездомници во Денвер. Организацијата постои и им помага на овие лица од 1985 година.

Fusion Studios

Непосредно пред пандемијата, претседателот на организацијата, Џон Парвенски, дознал дека хотелот се продава и со помош на државата, општината и приватни фирми, собрал 8,4 милиони долари за да го купи, а потоа го претворил во засолниште за оние кои најмногу имаат потреба од помош. На овој начин, бездомните лица имаат свое топло место за живеење и услови за лична хигиена.

Fusion Studios

„Проектот навистина се роди од очај. Си ја чешавме главата во обид да најдеме начин како луѓето кои се на улица вечерва колку што е можно побрзо да имаат место кое ќе го наречат свој дом“ – рекол Џон.

Секој апартман во „Fusion Studios“ се состои од тоалет, мала кујна со мини фрижидер, микробранова печка, маса со столици, фиокар, кревет и ТВ.

Станарите плаќаат наем во висина од само 30% од примањата, ако имаат такви.

Fusion Studios

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11160 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.