Израелка преку илустрации ги прикажува проблемите, фрустрациите, апсурдот и хуморот на мајчинството, а во нив ќе се пронајдат сите нови мајки.
Шломит Сојер започнала да го создава илустрираниот серијал „My Tired Mommy“ непосредно по раѓањето на првиот син. Откако ги споделила реалистичните цртежи на Facebook, познатата илустраторка од Тел Авив сфатила дека многу од нејзините пријателки имаат слично искуство како нејзиното, па одлучила да склопи стрип за мајчинството.
Нејзините илустрации најчесто опфаќаат чувствителни теми како доење, брак, кариера и сл.







