Почетна » Новости » Занимливости » Излечено бебе родено со ХИВ, тврдат научници

Излечено бебе родено со ХИВ, тврдат научници

Бебе од Мисисипи родено со ХИВ најверојатно е излекувано од опасниот вирус кој предизвикува СИДА. Детето кое во моментов има 2 и пол години не прима лекови околу една година и кај него не се забележани знаци на инфекција. Веста била соопштена од научници на конференција во Атланта.

Лабораторија

Ако бебето остане здраво, ова ќе биде втор случај на лекување на ХИВ во светот. Првиот беше кај Тимоти Браун, возрасен маж кај кого беше направено пресадување на коскена срж од специјален донатор.

Како што пренесува The New York Times, бебето било лекувано агресивно со антиретровирусни лекови околу 30 часа по раѓањето, што е невообичаено. Ако понатамошните истражувања покажат дека овој начин на лекување е успешен и кај други бебиња, тој ќе биде препорачан на глобално ниво. Обединетите Нации проценуваат дека само во 2011 година имало 330.000 нови случаи на ХИВ кај бебиња, а дека низ светот со ХИВ живеат околу 3 милиони деца.

Мајката на бебето чиј пол не е откриен пристигнала во болница во есента 2010 година за породување. Бидејќи не ја следела бременоста кај гинеколог, таа не знаела дека има ХИВ.

„Проверувам за вирусот и се молам да не се врати“ – изјавила д-р Хана Геј, специјалист за ХИВ во Универзитетот Мисисипи. Таа и дополнила дека ХИВ-от кај мајката на бебето се контролира со лекови и дека мајката е особено среќна за своето дете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11030 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.