Почетна » Новости » Занимливости » „Изгледам уморно, запоставено, луто... Повеќе не се препознавам себеси“: Текст во кој ќе се пронајдат многу мајки

„Изгледам уморно, запоставено, луто... Повеќе не се препознавам себеси“: Текст во кој ќе се пронајдат многу мајки

Блогерката Кејт Свенсон во искрен текст зборува за битките кои секојдневно ги водат мајките и за губењето на нивниот идентитет додека им го посетуваат животот на децата.

Кејт е мајка на три момчиња, од кои едното има аутизам. Таа постојано се залага за подигнување на свеста кај луѓето за оваа состојба преку нејзиниот блог „Finding Cooper’s Voice“, додека истовремено се грижи за децата и за домот.

Нуркајќи во морето обврски, таа вели дека веќе не може да се препознае себеси и дека мора да научи повеќе да се грижи за себе. Во нејзиниот текст ќе се пронајдат многу мајки.

Кејт

Никогаш не можев да знам дека е толку тешко да се биде мајка...

Здраво, моето име е Кејт и имам 36 години и сериозен случај на губење на идентитетот. Или можеби е средовечна криза. Или мала постнатална депресија. Или можеби сум само уморна, ментално истоштена и здебелена.

Којзнае кое од овие.

Имам три момчиња, маж, дом и работа која ја сакам. Јас сум повеќе од благословена.

Животот им го посветив на луѓето во мојот живот. И во најголем дел од деновите, среќна сум кога го правам тоа. Но, некои денови, некои недели, не се чувствувам така. Чувствувам дека патем се изгубив себеси.

Се гледам на огледало и едвај се препознавам себеси. Како што се наближувам до средовечна возраст, тоа е навистина страшно. Не дека постојано изгледам стара, туку дека изгледам како некој кој не го познавам. Изгледам уморно. Изгледам запоставено. Изгледам луто. Изгледам избрзано.

Брзам да се истуширам, брзам да јадам, брзам на семафор, брзам кога ги носам и земам децата, брзам да направам вечера за да поставам на масата... Брзам да го напишам ова зашто бебето вреска, а некој треба да се симне од автобусот за 11 минути. А тоа во никој случај не личи на мене. Не избрзувам.

Најчесто сум стабилна. Јас сум онаа која може да се справи со сè. Мајка на момчиња. Мајка на дете со посебни потреби. Среќната мајка. Позитивната мајка која секогаш се смее. Која секогаш наоѓа радост.

Но, во последно време сум речиси празна.

Кога сум со моите деца, се чувствувам виновна што не работам, а кога работам, се чувствувам виновна што не си играм со моите деца повеќе. Понекогаш ми се чини дека сите губат.

Чувствувам дека образованието ми е залудно. Се чувствувам како хигиеничарка, како готвачка, како шофер и како криминалец. Чувствувам дека секогаш имам болни деца, дека не можам да доперам и дека не можам да го соберам мојот дебел задник во фармерките. Знам дека сум добра мајка. Не се сомневам во себе во тој поглед. Но, исто така чувствувам дека сè што сум е мајка.

Чувствувам дека исчезнувам во ништото. Во некој денови се шокирам од тоа што сè ме вознемирува. Не знаев дека можам да бидам љубоморна што маж ми може да кака сам. Тој ќе седи во тоалетот на неговиот телефон, а јас ќе сум лута.

Му се дерам да побрза затоа што едното дете плаче, другото треба да биде нахрането, а телефонот ѕвони.

Пред некој ден моравме да влечеме сламки за да одлучиме кој ќе се качи горе за да ги промени измочаните чаршафи, бидејќи тоа значеше 5 минути мир. Изгубив.

Не мислев дека може да го сметам туширањето за луксуз. Ниту дека нема да имам време за тоа. Тоа ме полудува.

Јас сум многу способна жена, а не можам да најдам време за да се истуширам. Се смеам дури и што го пишам ова.

Но, со бебе, многу активно 6-годишно дете и дете со тежок аутизам, туширањата мора да бидат пред 5 часот наутро или по 10 часот навечер. Дотогаш, мама е истоштена.

Порано се грижев како изгледам. Навистина ми беше важно. Се хранев здраво, тренирав, се туширав, се шминкав. Ќе изберев хаштаг од Instagram како „аутфити за лето“ и ќе поставев слатки модни комбинации. Сега, носам валкани дуксери и сиви маици.

Секое утро ги собирам моите алишта од подот.

Најтажното нешто е што не ми е гајле. Премногу сум уморна за да ми е гајле. Има многу поважни работи што треба да ги направам отколку да изгледам слатко. На пример, да спијам или да си ја завршам работата, или да одам на бејзбол натпревар кај Соер. Го избирам сето тоа со задоволство.

Но, потоа, ќе се погледнам себеси и сум тажна. Чувствувам дека сум се изгубила себеси.

Немам хобија, немам време да правам нешто друго освен да се грижам за децата и за мојот дом, за бродот да продолжи да плови.

Гледам серии во скратена верзија од 15 минути. Зјапам во телефонот за забава и одговарам на пораки со задоцнување од три дена.

Нонстоп сум зафатена, а истовремено ми е здодевно. Тоа е бизарно чувство.

Не знам како да го поправам ова чувство на паника, но работам на тоа. Само сакам да мирувам, да седам. Сакам да пешачам, сакам да се сетам која сум и што е она што сакам да го правам.

Сакам да забавам и да уживам во сето ова, бидејќи не сакам да го пропуштам. Не сакам да чувствувам одбивност, не сакам да бидам нервозна. Она што го научив е дека и јас имам граници и дека морам да пронајдам баланс.

Оваа година ќе најдам баланс во мајчинството, во бракот, во работата, во мојот дом и во мојот разум. Тоа е мојата цел. Да научам да се смеам повеќе и да бидам понежна кон себе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.