Почетна » Новости » Занимливости » Идентични близначки станаа мајки на ист ден, во иста болница, на само неколку часа една од друга

Идентични близначки станаа мајки на ист ден, во иста болница, на само неколку часа една од друга

Идентични близначки ги донесоа на свет нивните синчиња на истиот ден, во истата болница, на само пет часа една од друга.

Џил Џастијани и Ерин Чеплак отсекогаш правеле сé заедно, а сега заедно запловија и во мајчинските води. Нивните бебиња имаа идентична тежина и должина.

Џил Џастијани и Ерин Чеплак Џил Џастијани и Ерин Чеплак

Џил го роди Оливер Џејмс во 18:39 часот, а нејзината сестра Ерин се породи со Силас Џејмс во 23:31 часот. Двете бебиња тежеа 3,3 килограми и беа долги 50,8 сантиметри.

Џил Џастијани и Ерин Чеплак

„Секогаш игравме заедно, спиевме заедно, јадевме заедно. Моите родители раскажуваа дека имавме наш заеднички јазик. Седевме во нашите креветчиња и си гугавме. Јас ќе испуштев звук и Ерин ќе ми одговореше“ – раскажала Ерин.

Џил Џастијани и Ерин Чеплак Џил Џастијани и Ерин Чеплак Џил Џастијани и Ерин Чеплак

Двете сестри планирале да забременат во исто време, но никогаш не помислувале дека ќе се породат заедно.

„Чувствував дека така требало да биде. Малку нé изненади, бидејќи колкави се шансите?“ – вели Џил.

По породувањето следувало уште едно изненадување.

„Ги знаевме мерките на Оливер. Заклучивме дека е прилично големо бебе. Тогаш дојде сестрата и го измери Силас. Потполно исто. Реков: ‘Сигурно се шегуваш’. Беше неверојатно“ – рече Зак, сопругот на Ерин.

Џил Џастијани и Ерин Чеплак Џил Џастијани и Ерин Чеплак Џил Џастијани и Ерин Чеплак Џил Џастијани и Ерин Чеплак Џил Џастијани и Ерин Чеплак

„Тоа што сме идентични близначки значи дека не знаеме ништо поразлично од тоа да ги минуваме нашите животни патишта заедно. Ние сме си најдобри пријателки и тоа што знам дека нашите синови ќе растат заедно со можност за слично искуство е огромен благослов. Благодарни сме за тоа“ – рекла Ерин.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.