Почетна » Новости » Занимливости » Игралиште во Варшава користи алги за да го прочисти воздухот за децата кои играат во него

Игралиште во Варшава користи алги за да го прочисти воздухот за децата кои играат во него

Според податоците на Светската здравствена организација, 93% од децата во светот дишат загаден воздух додека играат.

За да одговори на една од најголемите глобални закани по здравјето, компанијата ecoLogicStudio создаде игралиште кое користи алги за прочистување на воздухот и овозможување на безбедна средина за децата кои играат во него.

Air Bubble Air Bubble Air Bubble

Игралиштето „Air Bubble“ е лоцирано во еден од најзагадените градови во Европа – Варшава. На ѕидовите на „Воздушниот балон“ се поставени 52 стаклени цилиндри со алги потопени во вода. Алгите го апсорбираат јаглерод диоксидот од воздухот и испуштаат чист кислород.

Air Bubble Air Bubble

Објектот користи 2 извори на обновлива енергија – сонцето и децата кои си играат.

Кога скокаат, децата ги активираат четирите водни пумпи вградени во подот и на тој начин го пумпаат воздухот од просторијата во биореакторите со алги. Алгите потоа ги апсорбираат атмосферските загадувачи и го прочистуваат воздухот. Колку повеќе деца играат внатре, толку повеќе загадувачи апсорбираат алгите и испуштаат повеќе кислород.

Air Bubble Air Bubble Air Bubble Air Bubble

Идејата на креаторите е да се создаде свесност дека е возможно да се исчисти воздухот кој го дишеме, да се искористи вредноста на био-интелигенцијата на природните системи и да се создаде поздрава средина за идните генерации.

Air Bubble Air Bubble Air Bubble Air Bubble Air Bubble Air Bubble Air Bubble Air Bubble Air Bubble Air Bubble

Повеќе од половина од кислородот на Земјата го произведуваат алгите во океаните.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11331 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.