Почетна » Новости » Занимливости » Иванка Трамп меѓу најмоќните жени на светот во Берлин

Иванка Трамп меѓу најмоќните жени на светот во Берлин

Иванка Трамп деновиве престојуваше во Берлин по повод „Самитот на жените“ (W20). Ова е прво меѓународно патување на Иванка како претставничка на владата на САД, односно во улога на советник на Доналд Трамп.

35-годишната бизнис дама учествуваше во панел дискусија заедно со неколку од најмоќните жени во светот – германската канцеларка Ангела Меркел, холандската кралица Максима и директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.

Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп

Фокусот на дискусијата беше поставен на родовата еднаквост, подобрување на економската состојба на жените и зајакнување на нивниот претприемачки дух.

Во неколку наврати, Иванка беше принудена да го брани својот татко, поради неговиот однос кон жените и поточно неговите омаловажувачки коментари кон припаднички на понежниот пол пред да седне во претседателската фотелја.

„Моето лично искуство, и мислам дека илјадниците жени кои имаат работено со и за мојот татко со децении, додека тој беше во приватниот сектор, се доказ за неговото убедување и цврста увереност во потенцијалот на жените и нивната способност да ги извршуваат нивните работи исто толку добро како мажите“ - рече таа.

Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп

Иванка присуствуваше и на гала вечера во Deutsche Bank, а го посети и споменикот на Холокаустот во Берлин.

Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп Иванка Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.