Почетна » Новости » Занимливости » „Затоа Бог создаде вујко“: Текст посветен на сите вујковци кои безмерно ги сакаат своите внуци

„Затоа Бог создаде вујко“: Текст посветен на сите вујковци кои безмерно ги сакаат своите внуци

Вујковците секогаш знаат да ги смират, утешат, забавуваат и насмеат внуците во моменти кога родителите имаат потреба од малку време насамо.

За да му се заблагодари на својот брат, авторката Кели Даусон напиша сладок текст кој одлично ги опишува сите вујковци кои безмерно си ги сакаат внуците.

Бог погледна надолу и виде дека понекогаш родителите се премногу уморни за уште една игра со криенка. Знаеше дека тие навистина имаат потреба да ги кренат нозете една минута додека некој друг ќе ги чува и занимава нивните малечки зајачиња...

Па, затоа Бог создаде вујко.

Бог создаде вујко за да ги брка, скокотка и игра малечките и тие да го истрошат вишокот енергија пред спиење. Создаде вујко за да седи и да слуша, за да раскажува будалести шеги и сите да ги смее до солзи.

Бог создаде вујко за да биде дел од авантурите и да ги поминува сите тешки нивоа на видео игрите. Создаде вујко за да скока на трамполина како будалетинка и да трча лудо во надуените замоци.

Бог создаде вујко за понекогаш да им дозволува на внуците да прекршуваат едно две правила и да јадат десерт пред вечерата или да седат будни малку подоцна за да изгледаат уште еден цртан филм. Тој создаде вујко за да ги преземе малите како суперхерој кога мама и тато се на работ на трпението и имаат потреба од време насамо.

Бог создаде вујко за да турка две лулашки истовремено и да лета по лизгалките. Тој создаде вујко за да ги исполни животите на неговите внуци и внуки со екстра насмевки и охрабрувачки зборови.

Бог создаде вујко за да ги чува малите безбедни и да ги опсипува со екстра љубов. Тој создаде вујко за громогласно да пее „Среќен роденден“ и шеговито да се прикрадува да ги дувне свеќите на роденденската торта. Тој создаде вујко за да фрла балони полни со вода и да купува слатки задоволства од продавница.

Бог создаде вујко за да фрла камчиња кои скокаат како жапчиња на водата и да ги купи сите сладоледи кои ќе ги најде на пат кон дома. Тој создаде вујко за цела куќа да се тресе од пискотници кога тој ќе влезе низ влезната врата.

Бог создаде вујко за да прави „да пукне“ кога училишните задачи ќе бидат добро завршени и за да ги закачува цртежите на фрижидерот. Тој создаде вујко за да го смирува хаосот кога сите се вознемирени, за да склопи нова играчка и да нареди уште една сложувалка.

Но, пред сè, Бог создаде вујко за да додаде малку ЕКСТРА во животот на неговите внуки и внуци за дури и кога тие ќе пораснат, да одат кај него за тешките разговори и пак да бидат пресретнати со прегратка и „Те сакам“. Дури и тогаш, тој ќе игра видео игри за да им помогне да ги оттргнат мислите од болката која ја чувствуваат. Дури и тогаш, тој ќе им даде уште едно „да пукне“ за одлично сработената работа.

Дури и тогаш, тој ќе ги смее додека не ги заболи стомакот.

Затоа, Бог создаде вујко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11992 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.