Почетна » Новости » Занимливости » Започнува шестиот француски филмски фестивал

Започнува шестиот француски филмски фестивал

Денес со филмот „Камиј Повторува“ на режисерката Ноеми Лвовски, во Cineplexx, Сити Мол, ќе се отвори шестиот по ред француски филмски фестивал. Овој фестивал се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Регионот на Долна Нормандија, Охридска банка-Сосиете Женерал, Публицис, Пежо, Стоби, Филмскиот фонд на Македонија.

Фестивалот ќе трае од 26 до 30 јуни и за првпат оваа година програмата ќе биде поделена во два града и тоа од 26 до 27 јуни во Скопје и од 28 до 30 јуни во Охрид, каде традиционално и во целост досега се одржуваше фестивалот. На него ќе бидат прикажани најновите остварувања од француската кинематографија. Овогодишната официјална селекција на филмовите ја направи г-дин Жан-Мишел Фродон, поранешен главен уредник на „Каје ди Синема“ и филмски критичар, кој ќе биде присутен во Скопје. Предвидено е да се прикажат 10 долгометражни и 3 краткометражни филма. Фестивалските денови ќе ги затвори филмот „Последната изборна кампања“ на режисерот Бернар Стора, кому на последниот фестивалски ден ќе му биде доделена почесна награда.

Француски филмски фестивал

И оваа година посетителите ќе ја имаат вообичаената можност да поразговараат со гостите-учесници на филмските остварувања. Па така оваа година на листата на гости се: Ноеми Лвовски (режисерка и актерка), Филип Ле Ге (режисер), Бернар Стора (режисер), Флоранс Сејвос (сценаристка), Гијом Деланд, директор на Домот на визуелната уметност во Каен, Филип Ле Ге (режисер), Сандрин Поже (режисерка) и Натали Стреиф, одговорна за програмите за помош на Светскиот филм во Француски институт во Париз.

Француски филмски фестивал

Овој фестивал претставува престижна француско-македонска манифестација и е значаен за македонската кинематографија, бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм, да се отворат нови можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11153 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.