Почетна » Новости » Занимливости » Започнува Garage Sale во Рамстор мол!

Започнува Garage Sale во Рамстор мол!

Попусти до -70% започнуваат од 17-ти до 21-ви август во Трговскиот центар Рамстор. Со слоганот „Дојди правиме чистка“ започнува најголемата расподажба во градот Скопје, добро познатата кампања Garage Sale.

Garage Sale

„Оваа активност е препознатлива по тоа што попустите се навистина големи. Кај нас станува збор за вистинска распродажба и нешто по што сме препознатливи со Garage Sale. Единствени по концепт и големи попусти, ги повикуваме сите љубители на квалитетниот шопинг, заедно да направиме голема чистка. Ова е одличен начин за секој потрошувачот да купи производи од реномирани брендови по значително намалени цени“, изјави Џеладин Џули, директор на трговски центар, развој и инвестиции на Рамстор мол.

Висината на попустите ќе се достигне и до минус 70 проценти, а во оваа традиционална активност се вклучени сите продавници во трговскиот центар, освен мобилните оператори. Во истиот период и Рамстор супермаркетот во склоп на трговскиот центар ќе има одлично акциско намалување на голем асортиман од своите производи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11474 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.