Почетна » Новости » Занимливости » Запознајте ја Александра, презентер и продавач на најпрестижните брендови за часовници и накит во Божиновски

Запознајте ја Александра, презентер и продавач на најпрестижните брендови за часовници и накит во Божиновски

Александра Ристовска веќе 3 години е дел од тимот на добро познатиот бренд Божиновски часовници и накит како менаџер на продажниот салон на Улица Македонија.

Брендот Божиновски часовници и накит веќе 25 години создава вредности, доверба и квалитет, кои секојдневно ги пренесува на сите свои клиенти преку инвестирање и грижа за своите вработени, обединувајќи ги луксузот, убавото живеење, стилот и луѓето. Од 1996 година, започна со работа во Битола и наскоро ја прошири продажната мрежа во Скопје. Покрај сопствените пет салони, Божиновски ги нуди своите производи преку мрежа на агенти и франшизи низ Македонија.

Александра ќе нè запознае подетално какво е искуството секојдневно да се биде во контакт со прекрасниот свет на часовници и накит, новитетите, карактеристиките и дизајнот на безвременските парчиња на Omega, TAG Heuer, Breitling, Longines, Hamilton, Tissot, Calvin Klein, Swatch.

Александра Ристовска

Александра како се одвива едно секојдневие на твоето работно место опкружена со луксузни часовници и модерен накит?

- Во Божиновски секој работен ден е нов предизвик кој со задоволство го прифаќам. Луксузните часовници и накит ми овозможува мене и на мојот тим поглед кон прекрасниот свет на часовничарството и работа со најпрестижните брендови во Македонија. Воедно, да се биде во постојан контакт со овие врвни брендови, сметам дека е огромна привилегија која не е достапна секому.

Каков тип на обуки користи вашата компанија за да ве подготви за презентација и продажба на часовниците и накитот?

- Обуката која ја добиваме е по швајцарски стандард, преку онлајн академии и семинари, секојдневни тренинзи и обуки за часовниците и накитот преку story telling принципот. Со помош на овие алатки се изградуваме како професионалци за продажба на брендовите кои се достапни во Божиновски.

Колку брзо успеа да ги совладаш и научиш техничките карактеристики на производите?

- Техничките карактристики на производите ги совладав многу брзо, но учењето никогаш не престанува бидејќи светот на часовничарството е богат со историја на која брендовите се горди, а љубопитноста е секој ден сè поголема за осознавање на нови информации.

Александра Ристовска

Колку долго работиш во продажба и кој дел од твојата професија најмногу ти се допаѓа?

- Мојата работа во продажба трае 7 години од кои 3 години работам во компанијата Божиновски. Омилениот дел од работата: Задоволен клиент и успешно завршена продажба! Тука во Божиновски, не станува збор за обична продажба, туку за задоволување на најфините потреби на пребирливи клиенти кои точно знаат што сакаат. Предизвикот е огромен, задоволството уште поголемо.

Александра Ристовска

Како одговорна за продажен салон, колку сметаш дека тимското работење е значајно и на кој начин вашата компанија го одржува тимскиот дух?

- Тимското работење е клучен и најважен дел од секојдневието кое го одржуваваме преку позитивната атмосфера за работа, меѓусебно почитување, размена на идеи, отворен однос и комуникација. Team work makes the dream work.

Александра, која е тајната според тебе на добропознатата фраза „Sell me this pen", што треба да поседува еден асистент за продажба за успешно да си ја извршува работата?

Асистентот за продажба треба да има изразени комуникациски и презентациски вештини,

Способност за градење и развивање на професионален однос со клиенти,

Целовитост и посветеност при извршувањето на секојдневните работни задачи,

Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати.

Александра Ристовска

Тимот на Божиновски се проширува со нов продажен салон во East Gate Mall, кои позиции се отворени и кои карактеристики треба да ги поседуваат кандидатите за да се вклопат во тимот?

- Точно за потребите на новиот продажен салон моментално е отворена позицијата Асистент за продажба, сите комуникативни и амбициозни девојки и момци кои имаат желба да учат и да се надоградуваат се добродојдени во нашиот тим. Апликациите можат да ги пратат на следната емаил адреса contact@bozinovski.com.mk

Во продолжение линк до огласот Асистент за продажба на Божиновски часовници и накит.

Оглас за работа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11969 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.