Почетна » Новости » Занимливости » Замена за пчелите: Научник од Јапонија користи меурчиња за да ги опрашува растенијата

Замена за пчелите: Научник од Јапонија користи меурчиња за да ги опрашува растенијата

Веќе неколку години бројот на пчели драстично опаѓа, што е загрижувачки факт кој нè засегнува буквално сите.

Доколку исчезнат пчелите, кои се најважен природен опрашувач, во следните децении светската популација може да се соочи со недостиг на храна.

Истражувачи од целиот свет непрекинато се обидуваат да го решат проблемот со опрашувањето.

Опрашување

Научник од Јапонија пронајде интересно решение. Имено, Ејџиро Мијако става полен во апарат за создавање меурчиња, кој е фиксиран на дрон. Потоа, меурчињата ги испушта кон растенијата и откако ќе пукнат, целиот полен се „закачува“ на растенијата.

Во пробен експеримент, 95% од таргетираните растенија вродиле со плод.

Опрашување

Мијако претходно експериментирал со директно опрашување со дрон, но тоа водело до оштетување на растенијата. Идејата со меурчиња се родила за време на игра на Ејџиро со неговиот мал син, откако едно од меурчињата нежно „експлодирало“ на неговото лице.

Опрашување Опрашување

Една третина од природните опрашувачи се во изумирање, како резултат на користењето пестициди, загадувањето и климатските промени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10382 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.