Почетна » Новости » Занимливости » Заборавете на вагата: Мајка на 4 деца целосно си го трансформира изгледот, а намали само 1 килограм

Заборавете на вагата: Мајка на 4 деца целосно си го трансформира изгледот, а намали само 1 килограм

Мајка на четири деца сподели фотографија „пред и потоа“ за да покаже дека бројот на килограми не е одраз на изгледот. Адриен Осуна ослабе само еден килограм, а намали шест конфекциски броеви, целосно трансформирајќи го своето тело.

Адриен Осуна

Сега, 31-годишната фитнес зависничка која вежба со тегови, им порачува на жените да не дозволуваат бројката на вагата да им ја уништува мотивацијата за вежбање.

„Навистина сакам жените да знаат дека вагата не треба да биде единствениот фактор кој го земаат предвид. Тие треба да си ги мерат пропорциите и да прават фотографии и да постапуваат според начинот на кој изгледаат и се чувствуваат. Оттргнувањето од вагата многу ослободува“ – вели таа.

На својот профил на Instagram, Адриен напиша:

Не би можела помалку да се грижам за килограмите. Мојата цел е да добијам мускули, а да изгубам масти и не држев диети за да стигнам дотука... Кревав многу тежина и постев со прекини и не застанувам тука. Девојки, кажете си: Сакам да ми се зголемат нозете или сакам да ми се зголеми задникот или сакам тонирани бицепси... Сето тоа бара зголемување на мускулната маса. Се надевам дека бројот на килограми ќе ви се намали, но во ред е и ако не се намали. Престанете да дозволувате вагата да ве оттурнува.

Навистина разликата е само 1 килограм, од конфекциски број 16 на конфекциски број 10. Изгубив масти, а добив мускули.

Адриен Осуна Адриен Осуна Адриен Осуна Адриен Осуна Адриен Осуна

Осуна со години се обидувала да ги намали килограмите добиени во текот на четирите бремености преку строги диети, но нејзиниот изглед започнал да се трансформира откако започнала да вежба со тегови. Активната мајка повеќе не се изгладува себеси иако внимава што консумира и вели дека е среќна во своето тело.

„Се чувствувам неверојатно. Среќна сум, здрава и ми е удобно во мојата кожа“ – вели таа.

Адриен Осуна Адриен Осуна Адриен Осуна Адриен Осуна Адриен Осуна Адриен Осуна

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.