Бајките на Дизни се неисцрпен извор на инспирација и силен стимул за фантазијата.
Камилија Кортс и нејзината ќерка Лејла создаваат прекрасен фото-серијал, копирајќи сцени од омилените цртани филмови.
Фрлете поглед само на неколку од фотографиите и веднаш ќе ви стане јасно зошто дуото од Канада одушевува на Instagram.



Камилија, која по професија е фотографка, се претвора во негативците, додека 7-годишната Лејла влегува во улогата на принцезите на Дизни.


Нивниот забавен проект започнал сосема случајно. Имено, за време на семејно патување во Дизниленд, Камилија ѝ купила Дизни фустан на Лејла ѝ направила фотографии за да ги сподели со роднините и пријателите. Огромниот број на комплименти кои ги добиле, ги поттикнале да ги претворат фотосесиите во хоби.























