Почетна » Новости » Занимливости » Забавна „Back to school“ програма во Веро-центарот

Забавна „Back to school“ програма во Веро-центарот

На 1 и на 2 септември (недела и понеделник) во Веро-центарот сите потрошувачи, а особено учениците, ќе можат да уживаат во програмата  по повод враќањето во училишните клупи.

Амбиентот и програмата ќе ја збогатат урнебесните Предраг Павловски и Тања Кочовска, а децата од „Златно славејче“ ќе ја развеселат атмосферата со своите впечатливи изведби. Креиран е и весел квиз на знаења со цел да им се посочи на учениците дека училиштето е забавен дел од животот, а за таа цел обезбедени се и многу награди, бидејќи потрошувачите на Веро знаат дека секогаш ќе бидат почестени.

Веро центар

Игри и забава, но и училишна Веро работилница во која ќе можат децата да изработуваат уметнички креации од различни материјали, сеќавајќи се на летото, но и радувајќи и се на есента. 

„Почетокот на училишната година е возбудлив за децата, но и за родителите. Затоа секоја година креираме настани и осмислуваме активности со кои ќе го промовираме учењето, ќе го поддржиме училиштето, ќе ги зајакнеме врските помеѓу децата и книгите, но секако нема да ги заобиколиме ниту игрите и забавата, како дел од неформалното образование на секое дете. Оваа година обезбедивме и многу награди, музика, забава и се надеваме на голема посетеност и одличен помин“ – изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер на Веро.

Веро-центарот ги повикува сите заинтересирани да дојдат на 1 и 2 септември и да поминат незаборавен и најзабавен почеток на училишната година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25449 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.