Почетна » Новости » Занимливости » За почит! Дожд од плишени играчки во Битола за дечиња од ранливи категории поттикнат од Еурофарм Пелистер

За почит! Дожд од плишени играчки во Битола за дечиња од ранливи категории поттикнат од Еурофарм Пелистер

Обожавателите на ракометот во Битола покажаа дека имаат големи срца на вечерашното дерби на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Поттикнати од битолскиот ракометен тим, навивачите направија дожд со хуманитарен карактер.

„Ова е Битола“ ечеше додека на полувремето на паркетот во салата „Боро Чурлевски“ долетуваа плишени играчки наменети за дечиња од ранливи категории.

„Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“ – порачаа од Еурофарм Пелистер пред натпреварот.

Битола Битола Битола

Видео

Прекрасниот гест е инспириран од повеќе светски спортски екипи кои на ваков начин ги стимулираат добродушноста и дарежливоста, особено во претпразничниот период.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.