Војвотката Кетрин не дозволува лошото време да ја спречи да ги извршува своите кралски должности. Бремената сопруга на принцот Вилијам синоќа ја посети изложбата „Викторијанските великани“ во Националната Галерија во Лондон.
36-годишната војвотка ѝ пркосеше на зимата облечена во цветно фустанче од Орла Кили и нежни салонки од Џанвито Роси.





















Ова беше втор настан за Кетрин во текот на вчерашниот ден. Таа заедно со принцовите Вилијам и Хари и Меган Маркл присуствуваше на првиот форум организиран од Британската кралска фондација.

