Секако дека на сите нашето здравје и здравјето на нашето семејство ни е приоритет и кога станува збор за здравјето – тука нема компромис. Секогаш сакаме да ја добиеме најдобрата нега, најдоброто лекување во врвни установи и лекари по наш избор, без одлагање. Граѓаните сакаат флексибилност и можност да одберат каде ќе се лекуваат, во државен или приватен систем, најважно им е да имаат повеќе опции за лекување и слободно да изберат според своја преференција. Дополнително, на компаниите им е важно вработените побрзо и поквалитетно да се лекуваат и да закрепнуваат. Затоа, од разни причини, многу граѓани сѐ повеќе користат и приватни здравствени услуги, а тоа чини пари.

Со приватното здравствено осигурување, имаме грижа помалку зашто осигурителната компанија го презема финансирањето во случај на лекување во која било приватна здравствена установа. Актуелните продукти на Еуролинк осигурување за приватно здравствено осигурување се целосно приспособени на потребите за лекување во приватни здравствени установи во Македонија и во Европа, како и на можностите на граѓаните и компаниите, па приватното здравствено осигурување веќе ги надминува границите на „ексклузивитет“.
Обезбедете и вие врвна здравствена заштита за сите членови на вашето семејство во сите приватни здравствени установи за сите општи и специјалистички прегледи, без ограничување, и намалете ги трошоците – единствено со семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк.
Комерцијален текст