Почетна » Новости » Занимливости » Жена патуваше од Шведска до Малезија со само $200, помина 22 земји вклучително и Македонија

Жена патуваше од Шведска до Малезија со само $200, помина 22 земји вклучително и Македонија

Жена патувала 13 месеци со само 200 долари за да стигне од Шведска до Малезија. Таа поминала низ 22 држави, меѓу кои и Македонија за да се врати во својата татковина.

Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг

Петрина Тонг го напуштила Стокхолм во јуни 2015 година со намера да патува низ Европа. 29-годишната авантуристка сакала да види колку далеку може да стигне со 200-те долари кои ги имала во својот џеб и планирала да патува претежно со автостопирање.

„Кога го напуштив Стокхолм минатата година, имав намера едноставно да го искусам автостопирањето, бидејќи никогаш не можев да се замислам себеси како го правам тоа. Мислев дека ќе патувам само 3-6 месеци во зависност од тоа колку долго ќе можам да преживеам со буџет од само 200 долари“ – вели таа.

Петрина Тонг Петрина Тонг

Петрина останала без пари по само три месеци, но и покрај тоа одлучила да не се откажува и да го продолжи својот пат до родниот крај. Со помош на автостопирање, јадење храна од остатоците на случајни лица или од отпад и спиење кај лица кои биле желни да ѝ помогнат, Тонг стигнала во Куала Лумпур.

Петрина Тонг

По патот, младата авантуристка имала прекрасни и страшни моменти. Како најубав момент од патувањето, Петрина го издвојува настанот „Rainbow Gathering“ во Литванија. „Парите немаат вредност таму. Храната се дели еднакво на сите, сите се едно семејство. Не пости хиерархија, нема алкохол и дрога, можеш да се издрогираш само од животот. Се заљубив во оваа бизарна заедница која нема контакт со надворешниот свет“ – вели таа.

Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг

Најстрашен момент за Тонг било преминувањето на границата од Иран кон Пакистан поради тоа што не смеела да се движи сама и постојано била прекачувана од еден во друг воен камион.

Но, и покрај сè, Петрина им препорачува и на други жени да го следат нејзиниот пример. „Очекував да биде неверојатно тешко патување, но кога ќе се навратам, не беше воопшто лошо. Мојата најголема лекција е дека светот или непознатото не се толку страшни колку што изгледаат. Луѓето насекаде се неверојатно љубезни и желни да помогнат. Сега знам дека дури и ако се загубам во земја чиј јазик не го зборувам и ако немам пари, јас ќе бидам добро“ – вели Петрина.

Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг Петрина Тонг

За да стигне од Шведска до Малезија, Петрина минала низ: Шведска, Данска, Германија, Полска, Литванија, Латвија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Словенија, Италија, Босна, Црна Гора, Албанија, Косово, Македонија, Бугарија, Турција, Иран, Пакистан, Индија, Тајланд, Малезија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.