Почетна » Новости » Занимливости » Еуцерин ја збогати колекцијата за заштита од сонце со нови производи

Еуцерин ја збогати колекцијата за заштита од сонце со нови производи

Иновативниот Eucerin SUN Anti-age крем-флуид ја заштитува кожата од сонце и истовремено се бори со постоечките брчки

Како водечки експерти и иноватори сo повеќе од 125-годишно искуство во областа на дерматологиjата и козметичката нега на кожата, истражувачкиот тим на Eucerin® во соработка со дерматолозите разви нова линија на производи за заштита од сонце, која овозможува тројна заштита на кожата.

Eucerin

Производите содржат УВА/УВБ филтри кои ја заштитуваат кожата од УВБ зраците одговорни за изгореници на кожата и од УВА зраците одговорни за подлабоки и посериозни оштетувања во кожата, а кои водат до нејзино предвремено стареење. Уникатната и моќна биолошка заштита со ликохалкон А, ги заштитува клетките и во најдлабоките слоеви на кожата и ја помага нивната регенерација. Ова е од особено значење за наследниот материјал на клетките (ДНК), бидејќи неговото оштетувањето понатаму води до појава и развој на бенигни и малигни промени на кожата. Без оглед на возраста, секоја кожа има потреба од заштита од сонце.

Напролет, при појава на првото појако сонце, најзасегнати сe две групи. Првата група се најмалите, бидејќи природните заштитни механизми во нивната кожа се сѐ уште неразвиени и потребно е да ги заштитиме со соодветна облека, доволно течности и производ за заштита од сонце адаптиран за чувствителната детска кожа.

Втората засегната група се луѓето склони кон хиперпигментни промени на кожата. За нив и за сите останати кои сакаат да се заштитат од предвременото фотостареење, научниците од Eucerin направија специјална линија на производи за нега на кожата на лицето, со која максимално ќе се одложи фотостареењето на кожата.

За младите до 30 години зависно од типот на кожата, Eucerin предлага SUN Oil Control крем за масна кожа, SUN CC нијансиран крем достапен во две нијанси (светла и потемна) со кој се постигнува рамномерен и природен тен на кожата, SUN крем-флуид за нега на нормална до комбинирана кожа и SUN крем за нега на сува кожа.

Eucerin

За нега на кожата по 30-тата година, иновативниот Eucerin®SUN Anti-age крем-флуид ја заштитува кожата од сонце и истовремено се бори со постоечките брчки, благодарение на додадената хијалуронската киселина во него.

Eucerin

Сите производи се со пријатна и лесна текстура, а компатибилноста со кожата беше докажана со бројните клинички студии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.