Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно изненадување: Тинејџер добива роденденски подарок од неговиот покоен татко

Емотивно изненадување: Тинејџер добива роденденски подарок од неговиот покоен татко

Реакцијата на момче, кое за 16-тиот роденден го доби најемотивното изненадување во својот живот, ќе ви ги насолзи очите. Во видеото, Џони Кроу добива подарок кој неговиот татко му го купил пред да го напушти овој свет и разбирливо не може да ги скрие солзите.

Подарокот е гитара за која Џони отсекогаш сонувал и за која се шегувале со татко си дека еден ден би можел да ја има.

Видеото снимено од сестрата на Џони е вирален хит на социјалните мрежи со речиси 9 милиони прегледувања.

Видео

Таткото на емотивното момче починал неочекувано на 1 април годинава, но пред да го напушти овој свет, вложил напори за неговиот син да го добие она што го посакувал.

„Џони веќе некое време ја посакуваше оваа гитара. Се шегуваше со татко ми дека може да ја добие во иднина. Татко ми беше ОГРОМЕН поддржувач на сонот на Џони да биде музичар и живееше за своето семејство. Им велеше на сите дека е убеден дека Џони еден ден ќе стане славен и работеше напорно за да го оствари тоа“ – рекла сестра му во интервју.

Џони

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11915 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.