Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна фотографија: Невеста на гробот на својот татко

Емотивна фотографија: Невеста на гробот на својот татко

Врската татко-ќерка е незаменлива и нераскинлива. Секоја невеста со радост го дочекува моментот кога заедно со таткото ќе го пречекори куќниот праг, ќе зачекори кон олтарот и ќе танцува на свадбената веселба.

Пејџ Единг иако го изгубила татко си помалку од две години пред свадбата, решила тој да биде дел од нејзиниот голем ден. 23-годишната невеста имала необична молба кон свадбената фотографка – пред да продолжат на прославата, да го посетат гробот на нејзиниот татко.

Емотивната фотографија на која Пејџ облечена во венчаница клечи на гробот на татко си допре до милиони срца, особено до срцата на оние кои имаат изгубено родител.

Пејџ Единг

Фотографката Кери Виринга на почетокот не сакала да ја сподели фотографијата бидејќи тоа бил многу интимен момент. Откако добила дозвола од Пејџ, таа ја објавила на својата страница на Facebook. Досега фотографијата има над 700.000 лајкови и над 20.000 коментари, а е видена од над 20 милиони лица.

„Не сум плачка, тоа го знаат оние кои ме познаваат, но кога падна на колена, солзи ми потекоа по лицето. Благодарам што ми дозволивте да бидам дел од овој прекрасен ден“ – пишува Кери во описот на фотографијата.

Фотографијата многумина ги потсети на блиски личности кои го напуштиле овој свет пред да присуствуваат на нивниот свадбен ден и сите тие ѝ се заблагодаруваат на Пејџ. Но, поради големото внимание, фотографијата привлече и негативни коментари од личности кои сметаат дека е невкусна и дека не требало да биде објавена на социјалната мрежа.

„Сакав тоа да биде овековечено. Сакав да имам долготраен спомен. Бев многу тажна што тој не беше таму физички... но бев и многу радосна... Преку моето семејство, тој сè уште живее во секој од нас“ – изјавила Пејџ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.