Почетна » Новости » Занимливости » Емотивен свадбен танц: ПЕТ браќа ја изненадија сестра си со танц посветен на нивниот покоен татко

Емотивен свадбен танц: ПЕТ браќа ја изненадија сестра си со танц посветен на нивниот покоен татко

На голем дел од свадбите на Запад, невестата традиционално танцува со својот татко.

За жал, Кејли Јанг ја немала таа можност на најсреќниот ден од нејзиниот живот, бидејќи татко ѝ ненадејно починал во 2015 година.

Затоа нејзините пет браќа одлучиле да ја изненадат со емотивен танц на песната „Fathers and Daughters“ од Мајкл Болтон, во која го вклучиле и гласот на нивниот татко Дејвид.

„Моето име е Дејвид Вест и јас сум таткото на Кејли и многу ја сакам“ – вели гласот на таткото на почетокот на песната. Во видеото, браќата се менуваат и танцуваат со сестра си, додека присутните не можат да си ги задржат солзите.

Видео

„Сон на секоја девојка е да танцува со татко си. Очигледно таа не може да го направи тоа со него вечерва, но ние како нејзини браќа сакавме да ѝ го овозможиме тоа и би сакале да танцуваме со неа на нејзиниот танц татко-ќерка. Ве замолуваме сите да бидете колку што е можно потивки за време на танцот со кој му оддаваме чест на нашиот татко и да ги слушнете зборовите на песната. Со оваа песна сакаме да ја изненадиме Кејли. Таа не знае дека ја избравме оваа песна, па се надеваме дека ќе ѝ се допадне“ – вели еден од браќата во најавата пред танцот.

Дури и самиот Мајкл Болтон не остана рамнодушен на видеото и го сподели на својот профил на Twitter.

„Почестен сум што браќата Вест ја избраа мојата песна за танцот со нивната сестра Кејли на нејзината свадба. Нивното видео ми ги насолзи очите“ – напиша славниот пејач во описот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.