Почетна » Новости » Занимливости » Експертски совети за нега на кожа на Дерма Фест во Капитол мол

Експертски совети за нега на кожа на Дерма Фест во Капитол мол

Комерцијален текст

Од ден за ден сè повеќе се зголемува загаденоста на градовите, сè посурови се дневните температури и стресот на работа e неизбежен. Во последно време, благодарение на брзиот развој на општеството и економија, се зголемуваат и бројот на неодоливи производи кои често содржат високo ниво на шеќер и други вештачки супстанци. Ова се резултатите од придобивките на модерното време, на динамичниот начин на живеење. Сето ова директно влијае на здравјето на луѓето и на нивната кожа. Водејќи се од премисата „Љуби ја кожата во која живееш“ во Капитол мол се организира Дерма Фест, првиот настан посветен на кожата во Македонија.

Дерма Фест започна во четврток, 08.06.2017, и ќе трае до недела, 11.06.2017. За време на овој настан експерти од областа на дерматологијата ќе им даваат бесплатни совети на посетителите со цел да ги охрабрат да посветат повеќе внимание на себе, своето здравје и својата кожа.

Најклучните совети кои врвните експерти секогаш ги споделуваат се:

Дерма Фест
  1. Пијте вода. Човечкото тело е 60% вода и затоа клучен аспект за одржување на здравјето е хидрацијата. Поголем број на луѓето го занемаруваат овој факт и најчесто кога се жедни посегнуваат по сокови, кафе, чај и други пијалаци кои недоволно ја хидрираат кожата.
    Една аналогија за кожата е дека е иста како сунѓер кој кога е натопен е мек и убав, а кога е сув е рапав и тврд. Ова е едно од најдобрите објаснувања за тоа како функционира човечкото тело и кожа. Колку повеќе вода се консумира - толку помека и поубава е кожата. Водата има и позитивен ефект врз метаболизмот, дигестивниот систем и друго. Најдобро е да се пијат најмалку 8 чаши вода на ден со цел кожата да изгледа убаво.
  2. Негувајте ја кожата. Многу е важно да се третира и влажни кожата секојдневно. Ова ја прави еластична, енергична и мека, клучно за да се постигне природна убавина и здравје. Имајќи во предвид колку кожата е чувствителна треба да се користат соодветни производи за нега кои воедно можат да ја потхрануваат кожата со потребните нутритивни состојки за нејзино што поголемо здравје.
    Кожата треба да се негува барем еднаш дневно, некогаш и повеќе затоа што телото знае често да ја исфрла водата на високи температури.
  3. Опуштете се. Една од најдобрите работи кои некој може да ги направи за својата кожа и за своето здравје е да се опушти. Стресот игра голема улога кога станува збор за прерано нарушување на здравјето, како на целото тело така и за кожата. Секој мора да оддели барем мал дел од денот и да го посвети за себеси и за својот мир. Брзината на денот не е причина да се наруши совршениот начин на живеење.
    Малите, секојдневни навики на одмор стануваат долгорочни трендови кои многу влијаат на секој аспект од животот. Многу е лесно човек да се загуби во секојдневната гужва и обврски, но со мало време одделено за себе се враќа здравјето и убавата кожа.
Дерма Фест

Дерма Фест завршува во недела, 11.06.2017 и секој кој ќе го посети Капитол мол ја има можноста да го научи соодветниот начин како да ја негува својата кожа. Иако некои правила се однесуваат на сите, на повеќето им е потребен совет поради тоа што не сечија кожа е иста. На Дерма Фест заинтересираните можат да се запознаат и со соодветните производи за нега на својата кожа.

На Дерма Фест ќе учествуваат GUAM козметика, Avene, Taiva, dm, Kedma, МAYA Вода, Рамстор, Еликсир Ексклузив, Lancome, Collistar и Biotherm, Sebamed, Биокулт, Топ Шоп и Анифарм BETTY Аптека.

Одделете време за себе, своето здравје и својата кожа на Дерма Фест.

Дерма Фест

За повеќе информации во однос на Дерма Фест може да ја посетите официјалната Фејсбук страна на Капитол мол:

https://www.facebook.com/capitolmall

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.