Почетна » Новости » Занимливости » Експертите порачуваат: Заборавете на соковниците, јадете ги плодовите цели

Експертите порачуваат: Заборавете на соковниците, јадете ги плодовите цели

Кога станува збор за одржување на убава линија и одлично здравје, многумина мислат дека цедените овошни сокови треба да бидат значаен дел од секојдневието. Но, експертите советуваат дека за телото најдобро е овошјето и зеленчукот да се јадат цели.

Овошје

Соковниците нè лишуваат од растителните влакна

Природните џусови можеби се практичен начин да внесете екстра витамини и минерали, но тие знаат да бидат преполни со шеќери, а нè лишуваат од неопходните влакна. Нутриционистот д-р Џони Боуден препорачува целосно да ги отфрлите овошните сокови, бидејќи со нив внесувате многу шеќер, но не и диететските влакна кои ги има во целите плодови.

Пример: Една чаша јаболков џус има 0,5 грама влакна, додека целото јаболко има 4,4 грама влакна. Една чаша џус од портокал има 0,2 грама влакна, додека една чаша полна со парчиња сиров портокал има 3,1 грама.

Растителните влакна се неопходни за здрав дигестивен систем и помагаат да се чувствувате сити подолго време. Лицата кои страдаат од запек се советува да консумираат храна богата со влакна. Исхраната со големи количества влакна докажано го намалува ризикот од дебелина, срцеви болести и дијабетес.

Овошните џусови се полни со шеќери

Испијте една чаша сок од портокал, а потоа изедете еден портокал. Портокалот воопшто нема да ви биде сладок, бидејќи непосредно пред да го пробате, вие сте внесле поголемо количество шеќер преку џусот.

„Вистина е дека 100% овошен џус е добар извор на хранливи состојки како витамин Ц и калиум. Проблемот е што со премногу џус се внесува дополнителен шеќер и дополнителни калории. Исто така, џусовите не ги содржат истите растителни влакна и фитонутриенти кои ги содржат сировите плодови“ – пишува медицинскиот сајт WebMD.

Луѓето обично забораваат да ги бројат „течните калории“ кои ги внесуваат преку сокови, слатки кафиња или алкохолни пијалаци, па често тоа е причина што нивната тежина стагнира.

Овошје

Природно си е природно. Угледните доктори од „The Mayo Clinic“ се едногласни – за телото најдобро е овошните плодови и зеленчуците да се консумираат цели, онака како што ни ги дарила природата.

Овошје

Дали ви е потребен соковник?

Соковниците знаат да бидат скапи. За да направите здрав сок кој ќе ги содржи и растителните влакна, едноставно ставете овошни плодови во обичен блендер. Доколку добиената смеса е густа, додајте малку вода.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.