Почетна » Новости » Занимливости » Егзотичен ритуал во шолја кафе

Егзотичен ритуал во шолја кафе

Една од најубавите работи на кафето е неговата разновидност, а една од најважните е неговото уникатно географско потекло

Кафињата од различни плантажи им пружаат секојдневно задоволство на вистинските љубители на кафето. Одгледувачите кои се грижат за него точно знаат како да го одберат секое зрно на вистински начин бидејќи нивната цел е обожавателите да уживаат со сите сетила во шолја црно јако и ароматично кафе. Tоплина, љубов и спокојство се само неколку од придавките поврзани со кафето. Дали го знаете процесот низ кој е потребно да помине едно зрно кафе пред да се претвори во волшебна напивка без која утрото не би можеле да си го замислите?

Кафе

Од каде потекнува кафето?

Да започнеме од оригиналното потекло - зимзелената грмушка кафе доаѓа од југозападните планински шуми на Етиопија, но денес може да се најде насекаде низ светот. Има различни видови, но за производство се користат главно Арабика и Робуста, токму со овие две сорти е поврзан мирисот кој го паметиме уште од мали. Грмушката кафе (Coffea arabica) достигнува висина дури и до шест метри, додека првите плодови зрно кафе може да се очекуваат по три до четири години од насадот.

Кога зрното е подготвено за печење?

Како знаеме дека зрното е подготвено за следниот процес? Плодови стануваат јасно црвени, а тоа значи дека се зрели и подготвени за берба. Истите, потоа се плакнат, па во зависност од сортата или се ферментираат и сушат, или само се сушат пет недели веднаш по бербата (станува збор за два различни процеси). И во двата методи, пулпата и лушпите од зрното се откинуваат, оставајќи го самото сирово зрно подготвено за печење.

Кафе

Дегустатор на кафе – работа од соништата!

И тука доаѓаат на ред кафе дегустаторите. Да, добро прочитавте. Постојат дегустатори на кафе кои оценуваат дали кафето ги задоволува стандардите на вкус и квалитет!

Прво, дегустаторот - наречен „cupper“ - ги оценува зрната за нивниот севкупен визуелен квалитет. Доколку ја поминат првата фаза, зрната потоа се печат во мала лабораториска печка, веднаш се мелат и се преливаат со врела вода, со внимателно контролирана температура. Дегустаторот најпрво го проверува мирисот на кафето за да ја доживее неговата арома, суштински чекор во оценувањето на квалитетот на кафето.

Откако кафето ќе одмори неколку минути, дегустаторот го „крши“ кајмакот со туркање на талогот на врвот од шолјата. Повторно, кафето поминува низ сетилото за мирис пред да започне дегустацијата.

За да го вкуси кафето, дегустатортот брзо „сркнува“ полна лажичка кафе за дегустација од филџанот. Целта е кафето рамномерно да се распрска низ сетилата за вкус, а потоа да се измери густината преку сетилата на јазикот пред да се плукне.

Секојдневно се дегустираат примероци од различни серии и различни зрна. Кафето не се анализира само за да се утврдат неговите карактеристики и недостатоци, туку и за целите на мешање на различни зрна или создавање на соодветно печење. Експерт во дегустирање може да вкуси стотици примероци кафе дневно и сепак да ги вкуси суптилните разлики меѓу нив.

Спектарот на вкусот на кафето се движи од темно чоколадо и карамелизирани лешници до овошни шумски плодови или цветни ноти како јасмин во зависност од комбинацијата на мелени зрна вклучени во процесот.

Кафе

Која е тајната состојка?

Но тајната се крие во љубовта, вниманието и грижата за секое зрнце кафе. Токму затоа, секоја шолја DonCafé е совршена синергија на ароми и вкусови. Внимателно одбрани зрна, подготвени во контролирана средина со внимание и љубов кон секое едно зрнце кафе. Doncafé ги комбинира најквалитетните зрна кафе и иновативните технологии. Благодарение на системот Aroma Expert кој ја штити аромата на свежо меленото кафе во кесичката, секоја шолја е совршено искуство и затоа ја има магичната моќ да биде наш најдобар сојузник наутро.

Кафе

Системот за производство Doncafé Aroma Expert е развиен токму со цел да се зачуваат аромите во најголема можна мера, како со спречување на нивното испарување за време на понатамошниот производствен процес (мелење и пакување во кеси), кога процесот на испарување е најинтензивен, така и со заштита на кафето од контакт со воздух во секое време по печењето и на тој начин му дава на кафето полн вкус, неодолива арома и исклучителна свежина.

Време е за Doncafé!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.