Почетна » Новости » Занимливости » Државна Видеолотарија овозможи учество на млади хемичари на Олимпијадата во Тбилиси

Државна Видеолотарија овозможи учество на млади хемичари на Олимпијадата во Тбилиси

Најдобрите млади хемичари од Македонија, благодарение на поддршката од Државна Видеолотарија на РМ и годинава се дел од олимписките натпреварувања.

Екипата која ги помина селекционите натпревари за да учествува на Меѓународната олимпијада во Тбилиси, Грузија, е во состав: Филип Трајковски и Антонио Андоновски од скопски Корчагин, Магдалена Златанова од Јахја Кемал од Струмица и Зоран Гаврилов од СОУ Јане Сандански од Штип.

Млади хемичари

„Ни преставува чест и задоволство повторно да дадеме поттик на младите таленти да го покажат своето знаење во меѓународни рамки. Државна Видеолотарија на РМ го препозна потенцијалот кај овие младинци, па затоа решивме да ги охрабриме и да ги поддржиме, слично како и минатата година, кога им овозможивме да бидат дел од Меѓународната олимпијада по хемија во Баку. Посакуваме и годинава во Тбилиси, да не престават достојно, а нивното знаење да отвори нови предизвици и вредности, кои ќе прераснат во убава идна насока на младите од земјава. Убаво е да се поддржуваат ваквите настани, затоа што тие даваат нова надеж. Сите овие меѓународни натпреварувања се придобивка која ќе придонесе за популаризирање на природните науки, во овој случај хемијата, меѓу младите луѓе“ – изјави првиот човек на Државна Видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски.

Млади хемичари

Македонија, досега учествувала четири пати на овој реномиран натпревар, кој годинава се одржува во Тбилиси во Грузија од 23 јули до 1 август. На натпреварувањето учествуваат ученици од повеќе земји. Менторите на македонската екипа, проф. Д-р Марина Стефова и доц. Д-р Миха Буклески од Институтот за хемија при Природно- математичкиот факултет, се сигурни дека овие млади луѓе се спремни и добро подготвени за да се покажат во најдобро светло на овој реномиран меѓународен натпревар по хемија за средношколци од целиот свет.

Млади хемичари

Државана Видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува да дава поддршка на младите и талентирани луѓе и во иднина, со цел да овозможи мотивирање на нови знаења. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме научно - образовните достигнувања, а воедно и ќе се залагаме нашите културни вредност да бидат преставени меѓу младите во светски рамки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26306 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.