Почетна » Новости » Занимливости » Донација од Благој Ѓорев по повод Светскиот Ден за борба против гладот

Донација од Благој Ѓорев по повод Светскиот Ден за борба против гладот

По повод 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладот, прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ АД од Велес ќе донира производи од својот асортиман на Црвениот Крст на општина Велес, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем за обезбедување на основните потреби за храна.

Донација од „Благој Ѓорев“ АД

„Во оваа хуманитарна акција ќе се вклучат и вработените на „Благој Ѓорев“, давајќи значаен придонес во напорите за создавање на подобар свет. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица, како и дека барем малку ќе ја ублажи потребата за храна и ќе им помогне на оние на кои ваквата помош им е најмногу потребна“ – изјави генералниот директор на Благој Ѓорев, г. Горан Лазов.

Според податоците на Државниот Завод за Статистика, процентот на сиромашни во земјава изнесува над 30%. Најранливи групи се повеќечлените домаќинства со 5 или повеќе членови.

Оваа донација е само една од активностите кои ги презема „Благој Ѓорев“ и нејзините вработени за подобрување на квалитетот на живот на социјално загрозените категории на луѓе.

„Благој Ѓорев“ минатата година го одбележа својот јубилеен 90-ти роденден. Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Р.Македонија, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27114 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.