Почетна » Новости » Занимливости » „Додека се обидуваме да ги научиме нашите деца за животот, тие нè учат што е животот“: Цитати по повод Детската недела

„Додека се обидуваме да ги научиме нашите деца за животот, тие нè учат што е животот“: Цитати по повод Детската недела

„Децата се невини, да учиме од нив, за вербата и надежта. Нам ни треба да е жив, сонот што ги храни нив...“ – испеа Тоше Проески.

Песната на нашиот непреболен ангел и тогаш и сега повикува на мирен свет во кој ќе растат, ќе се развиваат и ќе се оформуваат идните генерации. Да учиме од детската невиност, милост, верба и надеж, да им посветиме поголемо внимание на нашите малечки и да ги научиме да бидат пред сè ЛУЃЕ.

Во моментов низ светот се одбележува Детската недела. Секоја година, во текот на првата недела од октомври се одржуваат настани со цел да се истакнат детските таленти, вештини и постигнувања, како и да се промовираат детските права.

Деца

Во чест на Неделата на децата, прочитајте интересни цитати инспирирани од нив:

„Личноста е личност колку и да е мала“ – Доктор Сус.

„Во детските очи не постојат седум светски чуда, туку седум милиони“ – Волт Штрајтиф.

„Децата треба да се научат како да мислат, а не што да мислат“ – Маргарет Мид.

„Додека се обидуваме да ги научиме нашите деца за животот, тие нè учат нас што е животот“ – Ангела Швид.

„Децата се живи пораки кои му ги праќаме на времето кое нема да го дочекаме“– Џон Ф. Кенеди.

„Децата ја гледаат магијата затоа што ја бараат“ – Кристофер Мур.

„Возрасните можат да војуваат, ама децата се оние кои ја создаваат историјата“ – Реј Мерит.

„Децата се одлични имитатори. Затоа дајте им нешто одлично за имитирање“ – Анонимен.

„Морате да ги сакате вашите деца несебично. Тешко е. Но, тоа е единствениот начин“ – Барбара Буш

„Децата го прават вашиот живот важен“ – Ерма Бомбек.

„Најдоброто наследство кое родителот може да му го даде на своето дете е неколку минути од неговото време секој ден“ – Орландо А. Батиста.

„Секогаш бакнете ги вашите деца за добра ноќ, дури и ако спијат“ – Џексон Браун.

„На децата им се потребни модели, не критичари“ – Џозеф Јуберт.

„Ако сакате вашето дете да биде интелигентно, читајте му бајки. Ако сакате уште повеќе да биде интелигентно, читајте му уште повеќе бајки“ – Алберт Ајнштајн.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.