Почетна » Новости » Занимливости » Добродушен маж поправа стари автомобили и им ги донира на луѓето на кои им се потребни

Добродушен маж поправа стари автомобили и им ги донира на луѓето на кои им се потребни

Маж има прекрасна мисија – да им го олесни животот на своите соселани, подарувајќи им автомобили.

Елиот Мидлтон поправа стари автомобили, а потоа им ги донира на жителите од неговото село во Јужна Каролина кои немаат превозно средство.

Елиот Елиот

Идејата за донирање се родила кај Елиот на Денот на благодарноста. Жителите од селото пешачеле со километри за да стигнат до место каде што се делела бесплатна храна, но кога стигнале таму, немало ништо останато за нив и биле принудени да пешачат назад.

„Ако немате автомобил кој можете да го користите во руралните средини, не можете да правите ништо. Транспортот е клучен во овие области. Сакам да направам малите луѓе, на кои сите забораваат, да се чувствуваат удобно. Не е ништо специјално. Само сакам да можат да ги задоволуваат секојдневните потреби“ – рекол Елиот.

Елиот Елиот

Тој објавил апел на Facebook во кој побарал корисниците да му донираат стари автомобили кои ќе може да ги поправи за луѓето во неговата заедница. Набрзо, стотици автомобили му биле подарени како донација. Првиот функционален автомобил го донирал во септември 2020 година, а досега има подарено 33 возила.

„Тоа што знам дека помагам за да се променат животи е награда само по себе. Тоа е чувство, кое никакви пари, никакво признание или што било не можат да ти ја исполнат душата“ – додал добродушниот маж.

Елиот Елиот

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.