Почетна » Новости » Занимливости » Добрината нема цена: Жена им помага на сиромашни со бутик за бесплатна облека

Добрината нема цена: Жена им помага на сиромашни со бутик за бесплатна облека

Задоволството кое ќе ве исполни по направено добро дело има моќ да ве поттикне да започнете бескраен синџир на несебични постапки кои можат да им помогнат да стотици лица. Андреа Бердин од Холистер, Калифорнија, решила да отвори бутик за бесплатна облека откако му помогнала на бездомник да се заштити од ниските температури, подарувајќи му ја јакната на својот сопруг.

Еден ветровит и дождлив ден во 2012 година, 39-годишната мајка на две деца била сведок на тажен момент, кој ја поттикнал да започне да го менува своето општество кон подобро.

Бердин чекала во редица во продавница за препродавање на облека, кога во неа влегол сиромав човек и побарал да му дадат јакна, но бил одбиен, бидејќи немал пари за да ја плати.

„Започнав да плачам, не можев да поверувам што се случува во моето општество“ – изјавила Бердин за People. Тогаш, таа со насолзени очи истрчала до својот автомобил, го зела палтото на својот сопруг и му го подарила на човекот.

„Му реков дека сакам да се извинам за тоа што се случи и му го дадов платото на мојот сопруг. Потоа му ги дадов седумте долари кои ги имав во мојот џеб. Ми се заблагодари и рече дека неговото име е Мајкл. Не го видов никогаш повторно, но тоа што се случи тој ден, остана со мене“ – рекла таа, присетувајќи се на средбата со непознатиот човек.

Андреа Бердин

Кога Бердин ја споделила својата приказна на Facebook, била изненадена од фидбекот кој го добила од останатите корисници на социјалната мрежа. Многу нејзини сограѓани и жители на соседните градови започнале да се распрашуваат како и со што можат да помогнат.

Огромниот интерес и желбата кај луѓето да помогнат ја родиле идејата на Андреа да направи група на Facebook, наречена Selfless, преку која ќе можат бесплатно да им бидат обезбедени потребните средства на лицата кои се соочуваат со финансиски проблеми. Производите доаѓале од добродушни лица кои имаат можност и кои сакаат да донираат.

Андреа Бердин

Околу 200 лица дневно биле обезбедувани со потребните пелени, ќебиња, обувки, облека итн., благодарение на иницијативата покрената од таа несебична личност.

Една година подоцна, Андреа ја напуштила својата работа и отворила продавница која ја имала истата намена. Само мал дел од продавницата таа го користи како бутик за продажба на облека, со цел да ги покрие трошоците за киријата.

„Нашиот град е подобро место благодарение на Андреа Бердин“ – изјавил градоначалникот на Холистер.

Андреа Бердин

„Никогаш не пропуштајте шанса да помогнете некому“ – советува Бердин и се надева дека нејзината продавница ќе биде потсетник за тоа дека добрината нема цена.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.