Marks & Spencer лансираше колекција облека наменета за деца со посебни потреби. Новите алишта од познатиот бренд полесно се облекуваат и се креирани со цел да им помогнат и на малите херои и на нивните родители.
Ѕвезди во кампањата се мали дечиња кои се соочуваат со различни проблеми како Даунов синдром, церебрална парализа и дисплазија на колкот.
„Откако поразговаравме со родители и експерти, развивме колекција облека која лесно се облекува и е забавна, плус дизајните се истите како и кај стандардната облека, па овие деца ќе имаат избор да ги носат истите кул парчиња како и нивните пријатели“ – велат од брендот.










