Почетна » Новости » Занимливости » „Децата мора да разберат дека зборовите болат“: Мајка сподели фотографија од расплаканиот син кој бил исмејуван

„Децата мора да разберат дека зборовите болат“: Мајка сподели фотографија од расплаканиот син кој бил исмејуван

Мајка сподели фотографија од момент кој ѝ го скршил срцето. Сликата го прикажува нејзиниот син како плаче затоа што бил исмејуван од соучениците поради маската за училишната забава за Халовин.

„Децата мора да научат дека зборовите болат“ – порача Џил Стракман во објавата на Facebook.

Еван

Еван бил пресреќен со маската инспирирана од Тони Старк, но кога влегол во училиштниот автобус, децата започнале да му се потсмеваат, велејќи му дека изгледа глупаво.

„Само што стигна на училиште, Еван отиде во тоалетот и си го изми лицето. Кога ми се јави плачеше и не ни сакаше да оди на забавата. Двајцата имавме отечени очи од плачење додека баравме сладолед. Децата мора да научат дека зборовите болат“ – напиша Џил.

Еван Еван Еван

Подоцна мајката објави дека успеала да го смири Еван и да тој повторно се маскирал и се вратил на забавата.

„Откако разговаравме за неговите чувства, Еван одлучи дека не сака да ја пропушти училишната забава. Се вративме дома, ја повторивме шминката и повторно отиде во училиштето. Исто така научи некои скапоцени животни лекции.“

„Прво, научи дека не сака никогаш да направи некој да се чувствува како што се чувствуваше тој, па знае дека треба мудро да ги избира зборовите. Второ, дека не треба да дозволува мислењето на другите луѓе да влијае толку многу на него. Ова момче е многу силно и се гордеам во него“ – напиша мајката.

Еван Еван Еван

Целта на Џил била да испрати порака до родителите да ги научат нивните деца дека зборовите болат, но никогаш не очекувала дека десетици илјади лица ќе му испратат прекрасни пораки на малиот Еван.

„Мислам дека луѓето се прекрасни и многу љубезни. Луѓе од целиот свет ми пишуваат за да ја споделат нивната љубов и поддршка за Еван“ – напиша Џил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.