Од 29 август во Рамстор Мол дојдоа џинови, врколаци, сирени, чудовишта со повеќе глави и многу други митски суштества кои ги изненадија посетителите во трговскиот центар, а најмногу ги заинтересираа најмладите.
Цел месец оваа голема изложба ги претставува легендарните суштества во својата вистинска големина, а секојa сабота и недела од 12.00 до 13.00 и од 16.00 до 17.00 часот, најмладите имаат можност да се запознаат одблиску со своите омилени ликови, да ги чујат неверојатните приказни, да се сликаат со нив, да купат играчки, маички или сликовници со митските суштества.

„Одзивот од првиот поминат викенд со митските суштества беше огромен. Оваа сабота и недела во одредените термини се раскажуваа приказните за Еднорогот и Морската сирена, се оддржаа и првите детски работилници од 13.30 до 15.30 часот каде што се разработуваа овие суштества. Понатаму очекуваме уште поголема заинтересираност поради уникатноста на оваа изложба. Децата кои го посетија Рамстор Мол се воодушевуваа и фотографираа со своите омилени ликови, а дома покрај интересните маички и сликовници, понесоа знаење за претставените суштества” – изјави одговорниот Координатор на оваа изложба во Рамстор Мол.


Митските суштества постојат до 29 септември, а приказните за нив се раскажуваат во Рамстор Мол!
Комерцијален текст