Почетна » Новости » Занимливости » ДЕРМА ФЕСТ во Капитол мол - Пронајдете време за себе и за нега на вашата кожа!

ДЕРМА ФЕСТ во Капитол мол - Пронајдете време за себе и за нега на вашата кожа!

Во свет посветен само на обврски и одговорности секој се соочува со динамиката на модерниот начин на живеење и недостатокот на време. Луѓето најчесто ја занемаруваат една од најважната работа во животот, здравјето. Негата за себе е првиот чекор за физичко и психолошко здравје и закрепнување од брзиот начин на живот. Затоа во Капитол мол од четврток, 08.06.2017, до недела, 11.06.2017, со времетраење од 11 до 21 часот на приземје и први кат се организира ДЕРМА ФЕСТ, првиот настан во Македонија посветен на кожата.

Дерма Фест

Во склоп на ДЕРМА ФЕСТ ќе бидат достапни дерматолошки и стручни совети за тоа како секој може да се негува себеси и својата кожа. Покрај дерматолошките совети, самите излагачи во зависност од козметиката ќе делат ваучери и купони кои ќе им помогнат на заинтересираните подетално да се запознаат со состојбата на сопствената кожа. Воедно, посетителите ќе бидат информирани за медицински препарати кои на најдобар начин ќе им помогнат во негата на нивниот тип на кожа. Настанот е еден од ретките каде можат да се добијат совети за нега за себе и има за цел да ги поттикне сите кои ќе го посетат настанот да се охрабрат во овој модерен и брз свет да посветат време за себе, за сопствена нега и подобро здравје.

Иако во фокус на ДЕРМА ФЕСТ е здравјето и негата на кожата во текот на 4-те дена ќе бидат овозможени дополнителни активности каде што луѓето ќе се информираат и за храната која влијае врз физичкото и менталното здравје.

На ДЕРМА ФЕСТ ќе учествуваат GUAM козметика, Avene, Таива, dm, Kedma, МAYA Вода,Рамстор, Еликсир Ексклузив, Lancome, Collistar и Biotherm, Sebamed Биокулт, Топ Шоп и Анифарм BETTY Аптека.

Најдете време за себе со помош на единствениот настан за нега на кожата, Дерма Фест, од четврток до недела, во Капитол мол.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.