Почетна » Новости » Занимливости » Денес е Светски ден на контрацепцијата

Денес е Светски ден на контрацепцијата

Секоја година датумот 26 септември е резервиран за Светскиот ден на контрацепцијата, глобална кампања со визија за свет во кој секоја бременост е посакувана.

Мисијата е зголемување на свеста за контрацептивните средства и методи, како и едукација на младите луѓе со цел да им се овозможи да донесуваат информирани одлуки за своето сексуално и репродуктивно здравје.

Контрацепција

Податоците од бројните истражувања илустрираат дека бројот на луѓето кои не користат никаква заштита е алармантно голем, а уште позастрашувачки факт е неедуцираноста која се однесува на заштита од бременост и сексуално преносливи болести.

Контрацепцијата спречува околу 188 милиони непланирани бремености годишно на светско ниво, а резултатот е 112 милиони помалку абортуси и 150.000 помалку смртни случаи на мајки при породување.

Лансиран во 2007 година, Светскиот ден на контрацепцијата се фокусира на поддршка и охрабрување на луѓето и нивното право да се впуштат во потрагата по точни и непристрасни информации кои се однесуваат на контрацептивните средства, со цел да избегнат непланирана бременост.

Светскиот ден на контрацепцијата воедно цели и кон обезбедување на веродостојни информации кои се однесуваат на сексуално преносливи болести и нивна превенција, бидејќи се сè пораспространети.

  • На светско ниво, повеќе од 41% од просечно 208 милиони бремености кои се случуваат годишно се непланирани.
  • Непланираните бремености се составен дел од глобален проблем кој е поврзан со значителни трошоци кон здравствените и социјалните служби, како и емоционална болка со која се соочуваат жените, нивните семејства и општеството.
  • Секоја година, околу 15 милиони девојки на возраст од 15-19 години забременуваат и носат нов живот. Во оваа старосна група, за жал, бременоста е главната причина поради која се зголемува смртноста кај младите жени.
  • Доколку реалната потреба за контрацепција е целосно задоволена, може да се спречат 53 милиони непланирани бремености годишно.

Светскиот ден на контрацепцијата 2013 ја пренесува пораката – Твоја иднина. Твој избор. Твоја контрацепција. Темата е избрана токму поради фактот што е визионерска, позитивна и охрабрувачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11026 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.