Почетна » Новости » Занимливости » Денес е Меѓународен ден на милосрдието, инспириран од Мајка Тереза

Денес е Меѓународен ден на милосрдието, инспириран од Мајка Тереза

Минатата година светот за првпат го одбележа Меѓународниот ден на милосрдието, кој треба да нè потсети на клучната улога на милосрдието за ублажување на хуманитарните кризи и човековото страдање, како и на лицата и организациите кои се занимаваат со добротворна работа.

Хуманост

На овој ден луѓе им помагаат на луѓе, независно од етничката, верската или социјалната припадност, преку организирање на хуманитарни настани.

Датумот 5 септември е избран со цел да се одбележи годишнината од смртта на Мајка Тереза.

Инспиративната Мајка Тереза е родена во Скопје, но најголемиот дел од својот живот го минала во Индија, живеејќи во најсиромашните предградија на Калкута за да им помага на болните и сиромашните. Таа е основач на редот Мисионери на милосрдието. Поради нејзината хуманост и пожртвуваност, во 1979 година ја добива Нобеловата награда за мир. Мајка Тереза е симбол на самопожртвуваност, скромност и мир во целиот свет.

Мајка Тереза

За да го одбележите Денот на милосрдието, волонтирајте, донирајте или со љубезни гестови ширете ја пораката за важноста на великодушноста.

Цитати на Мајка Тереза

„Мирот започнува со насмевка.“

„Многу потешко е да се отстрани гладот за љубов одошто гладот за леб.“

„Ако не можеш да нахраниш сто луѓе, тогаш нахрани само еден човек.“

„Љубезните зборови можеби се кратки и лесни за изговарање, но нивното ехо е навистина бескрајно.“

„Ако ги судите луѓето, немате време за да ги сакате.“

„Што можеш да направиш за да промовираш мир во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.“

„Ајде секогаш да се пречекуваме еден со друг со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубов.“

„Најлошата сиромаштија е осаменоста и чувството дека не си сакан.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.