Почетна » Новости » Занимливости » Делете топли прегратки! Денес е Светскиот ден на прегратката

Делете топли прегратки! Денес е Светскиот ден на прегратката

Колку прегратки подаривте денес? Не чекајте и обвијте ги рацете околу саканите личности.

Прегратки

Денес се празнува Светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а денес е прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Прегрнувањето е позитивна и топла форма на комуникација за испраќање на пораки за љубов, грижа, пријателство, утеха, поддршка, благодарност... Секоја прегратка, како и секоја снегулка, е различна – вклучува различни дози допири и поттикнува неповторливи емоции.

Не бидете штедливи и раширете ги рацете за секој кој знаете дека би уживал во вашата прегратка. Подарувајте прегратки за да ја почувствувате на своја кожа моќта на физичкото приближување на две тела.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.