Талентирана Азијка создава неодоливи колачиња кои ќе ви биде жал да ги изедете.
Салинда, чија специјалност е изработка на макарунс со различни ликови, ги објавува слатките дела на профилот macanomnom. Првите макарунс колачи, 29-годишната девојка ги направила непосредно по првиот локдаун поради пандемијата со КОВИД-19.
„Оттогаш страсно работам на подобрување на моите дела за да создадам макарунс какви што досега не сте виделе и кои ќе измамат насмевка на вашето лице. Сакам да ги усреќувам луѓето преку моите креации и тоа ми носи голема радост“ – пишува Салинда.

























