Почетна » Новости » Занимливости » Девојка дала отказ за да патува, сега одлично заработува остварувајќи го својот сон

Девојка дала отказ за да патува, сега одлично заработува остварувајќи го својот сон

Девојка дала отказ од работа за да патува низ светот, а сега живее луксузен живот од соништата и заработува одлично од своите авантури на егзотични места.

Џил ДеКонти имала солидна плата додека работела во областа на финансиите, но не била исполнета поради рутинскиот начин на живот.

25-годишната Американка минатата година решила да се откаже од стабилниот начин на живот и да започне да живее поавантуристички. Благодарение на својата смелост, таа заработува над 100 илјади долари годишно, уживајќи на тропски места низ светот и советувајќи други лица како да ги следат нејзините чекори преку својот блог The Luxe Travelers.

Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти

Џил израснала со самохрана мајка, која починала од рак кога таа се запишала во средно училиште, па на некој начин сакала да го направи она што мајка ѝ никогаш не успеала – да го прошета светот. И е доста успешна во тоа.

Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти

„На почетокот е многу страшно и навистина треба да верувате во себе. Јас бев упорна и никогаш не се откажав и сега патувам низ светот и водам животен стил кој вклучува и работење и патување независно од локацијата“ – вели таа.

Во секоја своја авантура низ светот, ДеКонти е придружувана од своето момче.

Нескротливата авантуристка, која сè уште не планира да се врати во својата татковина, вели дека секој може да го прави она што го прави таа, треба само да си даде шанса. „Јас не сум специјална, јас сум само девојка која имаше сон и му даде шанса. Секој може да го прави она што го правам јас, само треба да започне однекаде. Морате да имате целосна верба во себе“ – советува ДеКонти.

Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти Џил ДеКонти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.