Почетна » Новости » Занимливости » Двочасовен новогодишен концерт на Игор Џамбазов во Веро центар

Двочасовен новогодишен концерт на Игор Џамбазов во Веро центар

Со двочасовен новогодишен концерт на неповторливиот шоумен Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе што ќе се одржи во сабота (29 декември) во Веро центар во Скопје, „Веро“ ќе ја почне прославата на Нова година.

Концертот ќе почне во 13 часот и ќе биде отворен за сите посетители на Веро центар. Тие ќе уживаат во добропознатите хитови и текстови на најголемиот македонски шоумен, но и во препознатливиот хумор на Џамбазов кој е негов заштитен знак. На репертоарот ќе бидат најпопуларните песни на македонскиот музичар и актер кои ги испеа сам или настанаа во соработка со некои од најпознатите музичари во Македонија и на Балканот, како што се Игор Атанасовски – Харе, Венко Серафимов, Раде Шербеџија, „Нокаут“, Тамара Тодевска, Брејк и др.

Новогодишен концерт

Настапот на Игор Џамбазов и Гуру Харе ќе ја надополни богатата предновогодишна атмосфера во Веро центар во која изминатиов период уживаат многубројните посетители додека го завршуваат празничниот шопинг. Со организацијата на овој концерт, „Веро“ на најубав начин ќе ја заокружи успешната година во која во Веро центар се одржаа многу различни забавни настани, промоции и изненадувања за посетителите.

- Успешната година на „Веро“ ја завршуваме со најдоброто од Македонија, концерт на Игор Џамбазов. Вистинска привилегија е да се биде дел од настапите на овој врвен уметник, а токму тоа сакавме да им го овозможиме на нашите потрошувачи и на сите посетители на Веро центар – да поминат одлично и забавно попладне со квалитетна музика, но и со многу забава во едно комплетно шоу како што само Игор Џамбазов може да приреди. Организацијата на забавни настани непосредно пред Нова година во Веро центар прерасна во наша традиција која со задоволство ја негуваме бидејќи од сите страни добиваме позитивни реакции. Навистина е прекрасно да се видат бројни насмеани лица на цели семејства кои покрај во шопингот, уживаат и во новогодишниот дух – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.

Новогодишен концерт

Освен бројните настани, новогодишната атмосфера во Веро центар изминатиов период ја надополнуваат и големиот број попусти и специјални празнични понуди креирани за потрошувачите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26297 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.