Почетна » Новости » Занимливости » Даниел ја придоби публиката на „X Factor“, Фифи го напушти шоуто

Даниел ја придоби публиката на „X Factor“, Фифи го напушти шоуто

Натпреварувачите во „X Factor Adria“ вечерва беа исправени пред уште една елиминација.

Никој не можеше да го тргне погледот од Даниел Кајмакоски додека тој го пееше македонскиот хит „Сонце не ме грее“ од Влатко Лозаноски – Лозано. Со својата изведба, 30-годишниот пејач, кој за кратко време го освои Балканот, привлече доволно гласови за да продолжи да изненадува на големата сцена.

Даниел Кајмакоски

Фифи и Маринела Џогани се обидоа да го задржат вниманието на гледачите со „Čuvam te“ од Александра Радовиќ, но нивната изведба не наиде на голема поддршка во текот на 30-минутното гласање. „H2O“ и Александра Секулиќ добија најмал број гласови и за нив остана вечерашниот музички двобој.

Маринела и Фифи

Фифи и Маринела се обидоа да се спасат со „I Follow Rivers“. Сепак, на крајот жирито одлучи токму тоа да биде нивниот последен настап во шоуто.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11529 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.