Даниел Кајмакоски повторно ја придоби публиката на „X Factor Adria“ со енергичен настап. Македонскиот натпреварувач ја исполни „Counting Stars“ од американскиот бенд OneRepublic и заслужено доби комплименти од жирито.

„Одличен избор на песна. Фантастичен избор на песна. Ова е стилот на музика кој ти треба да го пееш, на македонски, српски и кој било јазик. Ова е тој стил, значи современа поп музика, тоа најдобро ти лежи... Супер. Секоја чест. И кореографијата е феноменална“ – изјави Кристина, а Кики се согласи со нејзините пофалби.
Обожавателите на Даниел не штедеа за време на гласањето и му ја дадоа својата поддршка.

Вечерашната елиминација заврши најлошо за Александра Секулиќ, која изгуби во музичкиот двобој со Александра Брковиќ.
