Почетна » Новости » Занимливости » Дали температурните разлики влијаат на нашето грло?

Дали температурните разлики влијаат на нашето грло?

При променливо и постудено време се соочуваме со дилеми дали да се облечеме потопло или не? Температурните разлики можат да предизвикаат појава на настинка или болно грло. Пастилите за грло со тројно дејство овозможуваат ублажување на болката и воспалението во грлото, како и отстранување на причините за инфекција.

Со наглите промени во температурата, преминот од топла во климатизирана просторија, може да се зголеми веројатноста за развој на инфекција и појава на болно грло. Во утринските часови сме соочени со дилеми дали да се облечеме потопло? Дали да земеме зимска или пролетна јакна? Во преодниот период од зима во пролет температурите значително варираат. На нашиот организам му е потребно време за да се прилагоди на овие промени. Затоа во овој период често се јавуваат симптоми на болно или воспалено грло.

Жена

При воспалено грло честопати одбиваме да внесуваме течности и храна од причина што имаме оток во грлото и отежнато голтање. Оваа појава е особено присутна кај децата.

Причините за болка во грлото можат да бидат од инфективно (вируси, бактерии, габички) или неинфективно потекло (механички, топлински или хемиски иритации на слузницата на грлото). Статистички гледано, од 50 - 95% кај возрасните, како и кај 70% од децата, болното грло е предизвикано од респираторни вируси, аденовируси, вирусот на инфлуенца и херпес вирусите кај децата. Но, постојат и бројни неинфективни причини, како што се: загадениот воздух, пушењето, ладните пијалоци. Сите овие фактори можат да предизвикаат проблеми со грлото.

При справување со болното грло преземаме најразлични методи. Многумина се одлучуваат да останат трпеливи и да ја толерираат болката. Постојат и луѓе кои започнуваат со внесување на топли или ладни напитоци, прават гаргара со најразлични билки, а некои консумираат пастили или спрејови за ублажување на болката и воспалението.

Важно е да се користат препарати кои на ефикасен начин ќе се справат со болното грло. Постојат пастили кои со своето тројно дејство ја ублажуваат болката, го намалуваат воспалението и ги отстрануваат причините за инфекција.

Пастилите Септолете тотал не содржат шеќер и се погодни за пациентите со дијабетес.

Прочитајте повеќе: https://www.septoletetotal.mk/mk/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9489 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.