Почетна » Новости » Занимливости » Дали знаете што е пастеризација?

Дали знаете што е пастеризација?

Комерцијален текст

Сигурно многу пати имате слушнато како некои производи имаат подолг рок на траење и остануваат свежи и неколку недели по нивното производство, со помош на пастеризација. Но, дали знаете што е всушност пастеризација? Наједноставна дефиниција за пастеризацијата е дека се работи за процес каде со подложување на константна температура на одредено време се уништуваат штетните бактерии кај храната и пијалаците, кои придонесуваат за нивно побрзо расипување.

Прв производ кој бил подложен на пастеризација е виното, кое било пастеризирано од страна на Луј Пастер, изумителот на овој процес по кој е и именуван. Откако увидел дека со изложување на определена температура, виното повеќе не предизвикува стомачни тегоби кај луѓето, дошол до заклучок дека така ги уништил штетните бактерии кои влијаат лошо на виното, но и на неговите конзументи.

Потоа, пастеризацијата започнала да се применува и кај други производи, како млекото, пивото, конзервираната храна, млечните производи, но и кај лебот. Процесот на пастеризација на лебот по самите својства не се разликува од првобитниот процес на Луј Пастер и затоа е сосема здрав.

Во Македонија, Жито Лукс, како најголем произведувач на леб во нашата држава, пастеризира неколку производи од нивната палета, како што се лепчињата на парче, специјалните лебови Грахам, Баварски и Нордик, како и Нутри лебовите. Со помош на пастеризацијата, тие имаат долготрајна свежина и се вкусни како и првиот ден.

Како изгледа целосниот процес може визуелно да погледнете на следното видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.