Почетна » Новости » Занимливости » Гушнете ги саканите! Денес е Светскиот ден на прегратката

Гушнете ги саканите! Денес е Светскиот ден на прегратката

Не постои ништо посмирувачко и попријатно од топлата прегратка. Не чекајте, гушнете ги саканите.

Прегратки

Денес се празнува Светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој цели да нè поттикне почесто да ги обвиваме рацете околу членовите од семејството, пријателите, партнерот... Празникот започнал да се одбележува прво во САД во 1986 година, но подоцна бил прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари е избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Прегрнувањето е најубавата форма на комуникација која може да пренесе пораки кои зборовите не можат. Велат: „За да преживееме потребни ни се четири прегратки дневно, за да се одржуваме во живот потребни ни се осум прегратки, а за да напредуваме потребни ни се дванаесет прегратки.“

Најубавото нешто кај прегратката е дека речиси секогаш кога даваш прегратка, добиваш прегратка за возврат.

Во чест на овој празник еве неколку убави цитати:

„Прегратката на мајката трае долго откако ќе престане.“

Непознат автор Прегратки

„Независно колку цврсто ги гушкате вашите пари, тие никогаш нема да ви возвратат.“

Џексон Браун Џуниор

„Велат дека Дизниленд е најсреќното место на светот, но очигледно не се нашле во твојата прегратка.“

Непознат автор Прегратки

„Прегратката е како бумеранг, ја добиваш назад веднаш.“

Бил Кејн

„Кога прегрнуваш дете, секогаш биди последниот кој ќе ги тргне рацете. Никогаш не знаеш колку долга прегратка му е потребна.“

Непознат автор

„Тоа е она што го прават луѓето кои те сакаат. Ги обвиваат рацете околу тебе и те сакаат дури и кога не си баш за сакање.“

Деб Калети

„Обожавам да се гушкам. Посакувам да бев октопод за да можам да прегрнам десетмина истовремено.“

Дру Баримор Прегратки

„Не можеш да ја обвиеш љубовта во кутија, но можеш да обвиеш личност со прегратка.“

Непознат автор

„Имам подарок за тебе, но ќе морам да ти ги позајмам рацете како украсна хартија.“

Непознат автор

„Понекогаш тивката прегратка е единственото нешто што треба да го кажете.“

Роберт Браулт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.