Почетна » Новости » Занимливости » Група за граѓанска ангажираност за помош на настраданите во поплавите

Група за граѓанска ангажираност за помош на настраданите во поплавите

Ве известуваме дека на социјалната мрежа Facebook веќе активно и континуирано функционира групата Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje до којашто може да се пристапи на следниов линк: https://www.facebook.com/groups/530772140451538/

Од граѓаните коишто ја водат иницијативата за граѓанска ангажираност за помош на настраданите и граѓанската помош за санирање на штетите во сите настрадани подрачја се апелира сите граѓани коишто се активни на социјалната мрежа и сакаат континуирано да помагаат и континуирано да се во тек со сите случувања и потреби од граѓански активизам да се зачленат во јавната група.

Во групата, редовно се објавуваат информации за:

  • потребна помош од волонтери;
  • потребна помош во вид на донации;
  • информации за нови собирни места за помош;
  • информации за расположливи човечки ресурси за директна помош;
  • информации за состојбата на терен, и во настраданите подрачја и на местата за собирање донации.

Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за итно интервенирање и повикување на надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа.

Преку групата, организирано ќе се постапува во секој миг на потреба на граѓански активизам и согласно потребите ќе се организираат настани коишто се потребни.

Група за граѓанска ангажираност за помош на настраданите Група за граѓанска ангажираност за помош на настраданите Група за граѓанска ангажираност за помош на настраданите Група за граѓанска ангажираност за помош на настраданите Група за граѓанска ангажираност за помош на настраданите

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.